Што се случува во нашето тело од мигот на вљубување до „стабилизацијата“ на врската

Дијагноза: љубов

Што се случува во нашето тело од мигот на вљубување до „стабилизацијата“ на врската

1 Мислите само на него. Студија на универзитетот „Харвард“ дава објаснување: „Кога сте вљубени, задоволена ви е потребата од допамин.“ Всушност, што значи тоа? Центрите во мозокот задолжени за наградување и задоволство се преплавени од овој хормон. Таа хемиска реакција е причина да сте маѓепсани од партнерот. Сè друго што ви причинувало задоволство претходно – излегување на кафе со другарките – паѓа во втор план.

2 Чувствувате „пеперутки“ во стомакот. Љубовта им е важна на луѓето од еволутивна гледна точка, па затоа е нормално во почетокот на врската да чувствуваме нервоза и возбуденост, предизвикани од скокот на хормонот на стрес – кортизол. Загриженоста дека партнерот ќе ве отфрли може да биде толку силна што се јавуваат и физички симптоми на анксиозност, како испотени дланки и срцебиење.

3 Го идеализирате. Во фаза сте кога ви е неодоливо сè што е поврзано со него. Кога сме вљубени, невронските врски задолжени за критичко размислување и за алармантност во случај на опасност често се „исклучени“.

4 Влегувате во „мирни води“. Како што напредува врската, така и нивото на кортизол се спушта на ниво на нормала. Тоа овозможува главната улога да ја преземат „среќните“ хормони, окситоцин и серотонин. Благодарение на нив се чувствуваме сакано, спокојно и безгрижно.

5 Фаза на вистинска љубов. Сигурни сте дека вие и тој сте – она вистинското? Како што опаѓа нивото на допаминот, многу е важно да ја задржиме зголемената продукција на окситоцин и серотонин. Како да успееме во тоа? Експертите велат дека тајната е во физичката блискост. Колку почесто се допираме, се интензивира  производството на окситоцин, хормонот на љубовта, кој го зајакнува чувството на задоволство, мир и приврзаност.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.