Што кај жените најмногу ги привлекува мажите?

Што навистина сакаат?

Во анкетата на нејзината група на Фејсбук „Таа рече, тој рече“, Луен Ворд ги замоли машките членови да ги оценат квалитетите што им се најпривлечни кај потенцијалните партнерки.

Според резултатите од таа анкета, мажите најмногу се привлечени кон чесност и самодоверба, но и кога жената знае како да се забавува.

Искреноста беше прва со 21,3 проценти од гласовите, а потоа следеше самодовербата со 20 проценти. На третото место беше разиграноста, која одзеде 18 проценти од гласовите.

Остатокот од списокот се состоеше од особини како што се позитивен дух, благодарност, љубезност, лојалност и сигурност. Под нив беа амбиција, емоционална и академска интелигенција.

Дното на табелата е особено интересно – затоа што судејќи според ова истражување, за мажите романтичната природа е најмалку важна кај идните партнери.

Од физичките карактеристики, очите и насмевката ги одзедоа првите две места, по што следат задникот, градите и нозете.

Анкетарката објасни дека инсистира на искреност во истражувањето.

„Нема ништо лошо во тоа некој да рече дека ги разгледува задникот или градите. Физичката привлечност е важен дел од врската, затоа што ако некој не ве привлекува физички, постои мала шанса дури и да посакате подобро да ја запознаете таа личност“, напиша таа.

Прочитајте и: Ако сметате дека сексот со партнерот ви стана рутина, испробајте го овој трик

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.