Ако сметате дека сексот со партнерот ви стана рутина, испробајте го овој трик

Направете промена

Ако вашата цел е само да имате оргазам, тогаш работите не се толку комплицирани – повеќето луѓе можат сами да го сторат тоа. Но, има една работа што го прави сексот навистина подобро искуство е кога имате личност до вас која може тоа да го доживее со вас.

Иако постојат преференции и пози за кои знаете дека ви одговараат, контакт со очите е неопходен во пози кои промовираат блискост помеѓу партнерите и го прават пријатно физичко искуство поемотивно.

Ако мислите дека сте паднале во рутина, или затоа што премногу време поминувате заедно заради карантин или едноставно имате долга врска, во секој случај, обидете се да потенцирате гледање едни со други во лице за време на сексот за да ја однесете вашата интимност на едно ново ниво.

Еве три одлични пози за секс лице в лице:

Лежалка

Партнерката треба да седне во фотелја со колковите на работ на седиштето. Партнерот треба да клекне пред неа, така што таа го гушка со нозете. Предноста на оваа поза не е само контакт очи в очи, туку и можност за длабока пенетрација, како и физичка блискост на целото тело.

Обратна мисионерска

Заменете ја сексуалната динамика, а со тоа и динамиката на моќта, така што партнерката е горе во мисионерската поза, додека мажот лежи на грб и ги прегрнува нејзините колкови со нозете. Иако во оваа позиција истите делови од телото се заедно, чувството може да биде сосема различно.

Лулашка

Мажот во оваа позиција треба да клекне на подот, така што нозете да му бидат под задникот, додека партнерката ќе го „вози“ со бутовите и ќе ги стави нозете на подот во рамнината на стапалата за да има добра поддршка. Ова е одлична поза за лице в лице, а особено им е пријатна на жените заради истовремено стимулирање на клиторисот со триење.

Прочитајте и: Ова е нешто што жените не треба да го прават пред да водат љубов

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.