Аларм: Четири знаци на слаб имунитет!

Обрнете внимание

Фото: Pixabay

Одржувањето на здрав имунолошки систем, подготвен за борба против секоја инфекција, особено сега за време на пандемија на коронавирусот, е клучно.

Ослабениот имунолошки систем не само што нè прави поранливи од респираторни заболувања како Ковид-19, туку и доведува до голем број здравствени проблеми и микробиолошки заболувања.

Експертите тврдат дека најважно е здрава и урамнотежена исхрана, соодветен и квалитетен сон, контрола на стресот, избегнување на пушење и алкохол, редовно вежбање, одржување на тежината, хигиена на храна и лична хигиена.

За да препознаете ослабен имунолошки систем, обрнете внимание на сигналите што вашето тело ви ги испраќа.

Чести настинки

Сосема е нормално да се фати настинка еднаш или двапати годишно. Сепак, честите настинки се очигледен знак дека вашиот имунитет е ослабен. Продолжената употреба на антибиотици двапати годишно, исто така, може да значи дека вашето тело можеби не е „подготвено“ да се бори против микробите на кои е изложено.

Кожни инфекции

Со изгореници, исеченици и модринки, нашето тело реагира со „испраќање“ на богати хранливи материи за да ја санира оштетената кожа. Овој процес на заздравување на кожата зависи од здрави имунолошки клетки. Кога имунитетот е ослабен, заздравувањето на кожата оди побавно. Мали, болни рани во устата, како и други инфекции на кожата, би можеле да бидат знаци на ослабен имунолошки систем.

Подуеност, гасови и затвор

Нашиот дигестивен систем сочинува скоро 70% од целиот имунолошки систем. Покрај тоа, корисни бактерии и микроорганизми (флора) кои „живеат“ таму ги штитат цревата од инфекции и го подобруваат имунитетот. Нарушувања на цревната флора може да го зголемат ризикот од инфекција со вируси или да предизвикаат хронично воспаление. Се повеќе и повеќе научни истражувања покажуваат колку се важни здравите црева и секој ден сè повеќе учиме за поврзаноста помеѓу имунитетот и цревната флора. Подуеност, гасови или затвор може да бидат знаци дека нашиот имунитет е ослабен.

Хроничен замор

Ако сè уште се чувствувате уморни иако спиевте доволно, може да има проблем со вашиот имунитет. Постојат многу последици од хроничен замор: болка во зглобовите, гадење, намален апетит… Сето ова може да значи дека нашиот имунитет е ослабен.

Прочитајте и: Незаменлив минерал: Стимулатор на имунитетот, главен снабдувач на телото со кислород и борец против рак!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.