Северина му порача на Игор: „Господ те создал само за да те сакам“ (ФОТО)

Емотивна честитка на вљубената сопруга

Фото: Инстаграм

Врската на Северина и Игор Којиќ од самиот почеток привлекуваше големо медиумско внимание. Многумина велеа дека станува збор за чиста фарса и не им предвидуваа светла иднина. Но тие ги демантираат злобниците веќе неколку години. Се венчаа во 2015 година и изгледа дека нивната љубов од ден во ден е сè посилна.

Пејачката не пропушта шанса да му покаже на сопругот колку го сака, па тоа го направи и на денот на неговиот 32. роденден.

Господ те создал само за да те сакам, небото вели дека без тебе не постојам, насмевката од лицето ми ја бришеше секој што ќе посакаше, но ти го смени тоа. Среќен роденден, ангелу мој драг, ти благодарам за сè“, е роденденската честитка на вљубената пејачка.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.