Се вљубил во неа веднаш штом ја здогледал: И покрај нејзините изјави дека е бисексуалка и гласините за неверство, љубовта им цути!

Пауло Дибала и Оријана

Славниот фудбалер Пауло Дибала периодов е во центарот на вниманието поради неговиот трансфер, а најголема поддршка му е девојката Оријана

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала (28) ги полни медиумските написи на спортските весници откако потпиша договор со Рома.

Додека Рим го слави доаѓањето на одличниот центарфор, ние ќе се позанимаваме со неговиот љубовен живот. Голема поддршка на Дибала му дава неговата долгогодишна избраничка, аргентинската манекенка, актерка и пејачка Оријана Сабатини (25).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulo Dybala (@paulodybala)

Сè започнало во 2017 година кога Дибала ја видел Оријана на концертот на музичката ѕвезда Аријана Гранде во Буенос Аирес, каде што таа настапувала како танчарка.

Пауло Дибала бил толку фасциниран од нејзината појава што веднаш тргнал во потрага по нејзиниот телефонски број, а кога го нашол, ја поканил на пијачка и по некое време започнале и врска во 2018 година.

Оријана Сабатини, која инаку е ќерка на аргентинскиот актер Освалд Сабатини и венецуелската актерка Кетрин Фулоп, го привлече вниманието на јавноста со својата изјава дека ја привлекуваат и жени и мажи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulo Dybala (@paulodybala)

„Ако треба да ставам етикета на себе – да, мислам дека сум бисексуалка“, рекла Оријана минатата година.

Медиумите во Италија и Аргентина тогаш пишувале дека веќе три години се сомневале дека Сабатини сака и мажи и жени, особено по нејзината песна „Остани или бегај“, во чиј спот се прегрнува и бакнува со манекенката Соледад Алонсо.

„Нема ништо подобро во животот од чувството на слобода“, одговорила тогаш на прашањето дали е човек кој сака и мажи и жени.

Дибала и Оријана се во хармонична врска, а нивните инстаграм-профили може да се видат многу заеднички фотографии на кои се гледа дека љубовта им цути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulo Dybala (@paulodybala)

Меѓутоа, не кренала прашина само Оријана со својата изјава, туку и Дибала, откако аргентинските таблоиди пренеле дека тој наводно бил уловен во неверство, поточно излегол на вечера со друга девојка.

Тие информации предизвикале вистинска бура во татковината на Дибала.

Меѓутоа, тие не обрнуваат внимание и уживаат во својата љубов!

Која е сопругата на Кристијан Ериксен: Сабрина не е типична жена на фудбалер, нивната љубов трае 9 години!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.