Рики Мартин денеска пред суд: Пејачот обвинет за инцест

Шоубизнис

Рики Мартин денеска преку „Зум“ ќе сведочи пред судот во Порторико за да одговори на обвинувањата што ги изнесе неговиот внук пред неколку дена, а кои доколку се докаже дека се вистинити, пејачот може да добие затворска казна до 50 години, пренесува TMZ.

Според медиумите, Рики Мартин денеска на суд ќе ги отфрли сите обвиненија и ќе ја раскаже својата страна од приказната.

Да потсетиме, внукот на Мартин изјави дека нивната врска траела седум месеци и дека пејачот го демнеел и малтретирал, со што истото Мартин ќе го демантира на суд.

Мартин и неговиот адвокатски тим не беа во судот за да ги демантираат наводите, а во зависност од денешното рочиште, судијата ќе одлучи дали ќе ја продолжи мерката за забрана за приближување, која беше изречена минатиот петок.

Изворите за “TMZ” изјавија дека и покрај извештаите дека Мартин може да се соочи со 50 години затвор доколку биде обвинет, во моментов нема кривична истрага за случајот.

Адвокатот на Мартин рече дека неговиот внук има психички проблеми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.