Која е сопругата на Кристијан Ериксен: Сабрина не е типична жена на фудбалер, нивната љубов трае 9 години!

Потресната сцена ја обиколи планетата

Драматична сцена од фудбалскиот натпревар помеѓу Данска и Финска го потресе светот

За време на фудбалскиот натпревар помеѓу Данска и Фанска, данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ненадејно падна на теренот, а снимката од моментот кога остана без свест го обиколи светот.

Играчите од тимот на Ериксен, но и од противничкиот тим, со солзи в очите ги набљудувале драматичните мигови и докторите кои веднаш истрчале напомош, додека од трибините на теренот се обидела да се симне и неговата избраничка, Сабрина Квист Јенсен, која ја задржало обезбедувањето.

Следеше борба за животот на Ериксен, која навивачите и играчите ја набљудуваа со солзи и неверување, но благодарение на брзата реакција на докторите, на славниот фудбалер му се врати свеста, по што го пренесоа во болница, каде што продолжиле со испитувања и грижа за неговото здравје.

Меѓу бројните потресни фотографии од немилиот настан се најдоа и такви на коишто се гледа неговата избраничка која расплакана се обидувала да стигне до својот сопруг.

За среќа, драмата стивна по извесно време, а обожавателите, пријателите и љубителите на фудбалот, не престанаа да упатуваат зборови за поддршка на Ериксен, но и на неговото семејство, преку социјалните мрежи.

Која е Сабрина Квист Јенсен?

Сабрина е родена во Данска, каде што се школувала за фризерка, а откако се преселила во Лондон поради клупските обврски на Кристијан, почнала да работи за една модна куќа. Двојката во 2016 купила куќа во Хемстед, а како што откриле за британските медиуми, не им било лесно да се приспособат на новата средина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

„Мора да научите како да се борите физички и ментално, но јас можам да го поднесам притисокот и сите напори, затоа што седум дена во неделата живеам за својата работа“, рекол Кристијан во една пригода и додал:

„Сето тоа е многу тешко за мојата девојка. Секако дека би сакал да можам да излегувам во град со неа и со нашето друштво, но едноставно, тоа не се вклопува со играњето фудбал во Англија“, рекол Кристијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)


Сабрина не е типична жена на фудбалер – се обидува да живее мирен, семеен живот подалеку од очите на јавноста, па ретко можеме да ја видиме во медиумите, а ретки се и ситуациите кога папараците успеваат да ги забележат нејзините излегувања во град со пријателите, кои главно подразбираат мирни вечери во нивните омилени ресторани.

Сабрина и Кристијан запловиле во романса во 2012 година, а пет години подоцна ѝ соопштиле на јавноста дека го чекаат своето прво дете. Во јуни 2018 година му посакале добредојде на синот, кој веднаш станал центарот на нивниот свет, а славниот фудбалер често споделува фотографии на социјалните мрежи на кои покажува колку ужива во родителството и во семејниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Двојката кон крајот на минатата година повторно споделила убави вести, кога на нивното семејство му се придружил уште еден член.

Хорор во Копенхаген: Ериксен се онесвести среде натпреварот, соиграчите со солзи во очите го чекаа резултатот од реанимацијата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.