Се обвинувала себеси што нема среќа во љубовта: Верувала дека сама ги тера мажите да ја изневеруваат!

Да, им се случува и на најдобрите

„Кога си славен, на сите им е интересен твојот живот, а особено твојот развод.“

Без разлика дали сте познати или не, скршеното срце секогаш е скршено срце. Можеби сакате стабилна и искрена врска, но ако мажот не го возвраќа истото и не работи на врската исто колку и вие, тука не може ништо да се направи.

Актерката Сандра Булок го знае тоа од лично искуство. Долги години била несреќно вљубена. Кога имала само 20 години се омажила за човек кој бил 20 години постар од неа. Оваа приказна брзо завршила, бидејќи нејзиниот поранешен обожавал да пие. Сандра не го споменува овој брак во ниедно интервју.

Нејзиниот втор брак завршил со мачен развод за време на кој нејзиниот поранешен сопруг изјавил дека неговото неверство било дел од брачниот живот.

Актерката се обвинувала себеси

Булок ја започнала кариерата на 23 години, а нејзиниот пат до успехот не бил воопшто лесен. Имала многу успешни и неуспешни фази, а денес се смета за една од најбараните актерки.

На листата на славни ѕвезди е во прва категорија, но не ја сфаќа славата премногу сериозно.

Меѓутоа, нејзиниот приватен живот е многу покомплициран од нејзината глума. Во 1996 година во едно интервју проговорила за горчливото искуство.

„Една година се обидував да излегувам што почесто. Искрено, тоа беше најлошото искуство во мојот живот. Ми се чини дека ме привлекуваа само мажи кои немаа баш најдобри намери.“

Во 2005 година, актерката го запознава Џеси Џејмс, американски водител и мотоциклист со кого започнува врска. Џеси на американската јавност и’ бил познат по своите љубовници и вонбрачни деца.

Неколку години Сандра била среќна со него, но откако добила Оскар во 2010 година, ја прекинала врската со Џеси, бидејќи неговото неверство станало јавно. За да биде уште полошо, нејзиниот поранешен сопруг воопшто не се каел што ја изневерувал познатата актерка во јавност.

„Да, ја изневерив мојата сопруга. Но се’ се менува – и мажите и жените. Тоа е животот.“, признал јавно Џејмс отприлика во истиот период кога Сандра одлучила да го посвои своето прво дете, синот Луис.

Меѓутоа, најтешко и’ паднало што планирала тоа дете да го воспитува заедно со Џејмс.

Оваа изјава на Џеси ја шокирала Сандра, пред се’ бидејќи сметала дека тој би бил идеалниот татко за нејзиниот син. Поради сето тоа, таа се обвинувала себеси бидејќи му верувала на сопругот, бидејќи го сметала за добар.

Човек на кого може да се потпре

Сандра долго време не можела да го преболи разводот. Наредната година ја посветила на својот син, а во 2015 година го посвоила и девојчето Лила.

Истовремено го запознала фотографот Брајан Рандал. Тогаш одлучила да се послуша себеси и да го прифати советот што им го дала на младите во далечната 1996 година.

„Нема потреба да водите љубов на првиот состанок. Не, прво мора да разговарате, да сфатите дали тој ве смета за привлечни и да си признаете дека денес не сте истиот човек од пред два дена.“

Во јули актерката наполнила 55 години и сега е посреќна од кога било претходно. Со Брајан живее во хармонична врска. Не се венчале, но ним не им треба документ, бидејќи нивната љубов е вистинска.

Сандра обожава што е мајка, а Брајан одлично се сложува со нејзините деца. И’ помага околу нив, ја поддржува, оди на сите детски манифестации…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.