Враќање на фризурата од 80-тите: Ситните бранови во косата повторно се во тренд

Разиграните фризури се ИН

Доколку сте љубител на брановидните коси, оваа вест ќе ве израдува – минивалот повторно е ИН!

По враќањето на трендовите од 90-тите години, на ред дојдоа и 80-тите. Време е да ги замените рамните фризури со брановидните. Оваа сезона ќе биде во знак на косите со многу волумен.

Во салоните ширум светот повторно е актуелна понудата на изведување на техниката на стилизирање на косата позната како минивал.

Во текот на 80-тите години ретко кој успеал да и’ одолее на оваа фризура, а се чини дека така ќе биде и оваа година. На модните ревии на многу дизајнери, моделите носеле токму ваква фризура, а не успеале да и’ одолеат ниту познатите дами.

Експертката за коса, Карина Џексон, вели дека ваквата фризура повторно е апсолутен хит. Минивалот со мали измени сега изгледа доста поприродно, а и самата техника на изведување многу напредувала, па косата не се оштетува.

https://www.instagram.com/p/B421E3tAWTp/?utm_source=ig_embed

Нејзин совет е добро да размислите пред да се одлучите за ваков процес, бидејќи по него косата ќе ви остане кадрава неколку месеци. Оваа фризура не им стои добро на сите, па затоа пред да одите на фризер, сами навиткајте ја косата за да видите дали сте задоволни од тоа како ви стои или не.

Дали ве израдува враќањето на ваквиот начин на стилизирање коса?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.