Најсексапилниот актер на планетата ужива во љубовта со 12 години постарата колешка: „Знаев дека ќе биде моја!“

Љубовна приказна

Ѕвездата на филмот „Аквамен“ и серијата „Игра на тронови“, Џејсон Момоа, зачекори во петтата деценија од животот, а ја доби и титулата најсексапилен маж на светот

Тој е во брак со поранешната сопруга на Лени Кравиц, Лиса Бонет, а во едно интервју открил дека бил вљубен во неа уште како момче. Иако се во брак од 2017 година, во врска се веќе 14 години. Интересно е тоа што Лиса е постара цели 12 години од Џејсон.

Момоа (41) во едно интервју открил дека се вљубил во Лиса (53) кога имал осум година и ја гледал во серијата „Шоуто на Козби“, како и дека знаел дека ќе ја освои еден ден.

„Уште како осумгодишно дете знаев дека ќе биде моја. Беше кралица. Отсекогаш сум сакал да ја запознам. Заклучив дека ќе ја следам до крајот на животот и дека ќе ја освојам. Секако дека не ѝ го кажав ова веднаш“, рекол Момоа.

Тој нагласил дека ѝ го признал тоа дури кога добиле деца. Двојката има две деца, ќерка Лола и син Нако.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Лиса Бонет од бракот со легендарниот пејач Лени Кравиц има ќерка Зои Кравиц, која е позната актерка. Момоа е познат и како активист за заштита на средината. Роден е на Хаваи, но пораснал во Ајова.

Пештерски човек со големо срце: Ја видел на телевизија кога имал 8 години и решил дека ќе биде негова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.