На Истокот се верува дека ова никогаш не смеете да му го простите на мажот: Тоа е патот до пеколот!

Верувале или не

Уште во детство учиме дека нема ништо полошо на светот од предавството, но и дека најблагородно е да се научи како да се прости

Една жена купила телефон со парите на сопругот, а притоа не се консултирала со него за трошоците. Како резултат на тоа се скарале и целосно исчезнала комуникацијата меѓу сопружниците. Каде е тука прошката?

Во друг случај, мажот купил стан и го препишал на мајка му за да не ѝ припадне ништо на неговата жена.

Прашањето е зошто тогаш живее со неа, ако не ѝ верува? Зошто е нормално славните ѕвезди да имаат предбрачни договори? Изгледа дека љубовта е добра само ако постои чиста сметка, или како што велат „чиста сметка, долга љубов“.

Изгледа дека полесно е да му се прости некому одошто да му се верува.

Човекот постојано се менува и секој треба да живее со ширум отворени очи, внимателно да го гледа и слуша партнерот. Не поради недоверба, туку затоа што правилно е да се чувствуваат душата, мислите и срцето на оној со кого живеете.

Непријатни инциденти се случуваат во оние семејства во кои луѓето се оддалечиле едни од други. Лесно е да се каже „Прости му!“. Но како, кога имате кнедла во грлото и солзи во очите?

Лесно е да се каже: „Никогаш немој да му простиш“. Но како, ако децата немаат каде да живеат?

Изгледа дека простувањето е привилегија на силните, издржливи и храбри луѓе. Ќе простат и душата веднаш им е светла и чиста.

Што мислите вие? Треба ли секогаш да се простува?

Како да ја вратите довербата во партнерот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.