Кога згодна, модерна и славна жена ќе се омажи за обичен маж: Еве што се случува 23 години подоцна!

Гламурот не ѝ е приоритет

Таа нашла среќа, но не онака како што би помислиле

Актерката Сара Џесика Паркер (55) ги разнежила обожавателите, а веруваме и сопругот Метју Бродерик (58), кога објавила нивна заедничка фотографија од младите денови на Инстаграм со описот: „23 години. Поминавме долг пат, љубов моја.“

https://www.instagram.com/p/CAYnxRZFQLb/?utm_source=ig_embed

Ѕвездата од ТВ-серијата „Сексот и градот“, секс-симбол, модна икона и една од најзгодните жени во Холивуд, оваа година слави цели 23 години љубов со актерот Метју Бродерик со кого има три деца: Џејмс (17) и десетгодишните близначки Марион и Табата.

Парот живее во Њујорк, во еден голем стан и за разлика од холивудските ѕвезди, имаат нормален живот. Сара Џесика Паркер често може да се види како шета со ќерките, како ги носи во парк или на пазар.

За време на пандемијата, парот се затворил со децата во својот стан, а деновите ги минуваат во готвење и играње друштвени игри.

Изгледа дека жената која се прослави со гламурозниот стил, живее сосема обичен живот, далеку од холивудскиот сјај.

https://www.instagram.com/p/B4ke-snFJHw/?utm_source=ig_embed

А еве како почнала нивната љубовна приказна…

Сара Џесика Паркер имала една јавна и многу бурна врска со Роберт Дауни Џуниор, кој во тоа време бил под силно дејство на опијати. Парот постојано излегувал на насловните страници на таблоидите, а Сара не можела да одржи никаков нормален живот, поради љубовната врска со познатиот актер.

https://www.instagram.com/p/CAbgdBHhr_3/

Во 1991 година, по раскинувањето на бурната врска го запознава Метју, кој тогаш режира театарска претстава за компанијата што ја предводеле браќата на Сара.

Парот постепено се запознава, одат на кино, на колачи и љубовта полека се раѓа.

https://www.instagram.com/p/CAa-dRtj_pk/

Јасно се сеќавам на денот кога првпат отидовме на љубовен состанок. Ретко кој успева така да ми се врежи во сеќавање. Беше единствена, прекрасна и занесна“, се присетил Метју.

На прашањето што помислила по тој прв официјален состанок, Сара рекла:

Тој е веројатно најдуховитиот маж што сум го сретнала во животот. Толку е ведар, згоден, можеби најубавиот човек што сум го запознала. Тотално сум луда по него.“

https://www.instagram.com/p/CAcMyOGonMC/

Биле во врска цели пет години, а потоа, во најголема тајност, организирале венчавка за која никој не знаел и на 19 мај, 1997 година поканиле 100 членови од семејствата и најблиски пријатели во њујоршката синагога.

Иако сите биле уверени дека веднаш по венчавката ќе пристигнат и децата, тоа не се случило. Синот Џејмс Вилки го родила дури во 2002 година, кога веќе станала ѕвезда поради „Сексот и градот“. Седум години подоцна, благодарение на сурогат мајка, сопружниците добиле и близначки кои ги крстиле Марион и Табата.

https://www.instagram.com/p/CAbK0KCK77S/

Како што обајцата потврдиле, тајната на нивниот и повеќе од успешен брак е во тоа што секогаш го држеле својот приватен живот подалеку од јавноста, но и во тоа што се, пред сѐ, пријатели.

Пештерски човек со големо срце: Ја видел на телевизија кога имал 8 години и решил дека ќе биде негова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.