Интимна депилација: Обрнете внимание на овие работи!

За помалку болка и поефикасно отстранување на влакната

Поради самата позиција, како и видот на влакна, депилацијата на интимниот регион може да биде исклучително болен и непријатен третман кај повеќето жени.

За да спречите непријатност или здравствени проблеми, како што се оток, црвенило и воспаление, ве советуваме да обрнете внимание на следниве работи пред да одите кај козметичарот!

Немојте да се бричите

Бричење помеѓу две депилации во никој случај не е пожелно. Затоа е најдобро да се дојде за депилација на секои четири до шест недели, бидејќи во спротивно влакната нема да бидат доволно долги.

Избегнувајте депилација за време на менструацијата

Не се препорачува депилација за време на менструалниот циклус, затоа што жените се чувствителни на болка во текот на овие денови. Меѓутоа, ако ви треба депилација, најдобро е да ставите тампон и да бидете сигурни дека тоа ќе му го споменете на козметичарот.

Не доаѓајте испотени

Покрај непријатниот мирис, потта го отежнува работењето на козметичарите, а може да се случи и вашата депилација да не е совршена. Исто така, триењето на кое е изложена кожата е уште полошо кога сте испотени, а во тие случаи често се појавуваат иритации.

Прочитајте и: Бидете негувани: Ефикасни начини за депилација во домашни услови

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.