Кога вашиот маж ќе се вљуби во друга жена: Психолозите велат дека имате само еден избор!

Безнадежна љубов

Дали и вие би постапиле вака?

Дали некогаш сте ја доживеале таа агонија вашиот партнер несвесно да се вљуби во друга жена? Изгледа безопасно, но тој постојано ви зборува за неа. Работите што ви ги кажува постојано се вртат околу настани поврзани со таа жена. Додека вам животот ви се претвора во кошмар и ви се смачува од тие приказни, тој и понатаму несвесно зјапа во далечина со блажена насмевка, не забележувајќи дека е вљубен во друга жена.

Безнадежната љубов кон друга

Се поставува прашањето зошто некому му е потребно безнадежно да сака некого? Вие паѓате во замка и чувствувате сожалување кон човекот што го сакате, бидејќи тој е вљубен во некој што прави будала од него.

Жал ви е што некој толку го понижува и го игнорира. Се обидувате да му дадете до знаење дека прави будала од себе со таквото однесување за на крајот да завршите во експлозивна караница со сопругот, кој станува агресивен кога ќе го соочите со вистината.

Вие на некој начин сте започнале табу тема. Ако молчевте за тоа, ништо немаше да се случи.

Но дали вреди и понатаму да играте улога во овој театар на апсурд? Тој ја негира својата вљубеност. Другата жена го влече за носа. Вие чувствувате длабоко предавство од вашиот партнер, кој ве убедува дека ништо не се случува и сè сте измислиле вие.

Психолозите советуваат да излезете од оваа ситуација по секоја цена, бидејќи човек не се менува туку-така. Љубовта на вашиот сопруг кон друга жена не може да исчезне прекуноќ.

Зошто да живеете во таков нездрав однос? Зошто да страдате и да гледате како оној што вие го обожавате полека престанува да ве сака?

Па затоа, ако забележите дека вашиот сопруг се вљубил во друга жена, заминете си, бидејќи ако го оставите, ќе страдате во моментот, а ако останете со него, ќе страдате цел живот!

Зошто на жените по 30 години им е тешко да го најдат „вистинскиот“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.