Судбина од која ќе ве полазат морници: Го погребала синот, љубовта на нејзиниот живот ѝ направил дете на друга, починала од скршено срце!

Трагична животна приказна

Поради сето тоа, му се препуштила на алкохолот

Роми Шнајдер е едно од најпознатите лица во филмскиот свет. Родена во 1938 година во Виена, првиот филм го снимила кога имала само 15 години. Била една од најубавите актерки, но нејзиниот живот бил многу бурен и трагичен.

Роми остварила бројни улоги во текот на кариерата, но и нејзиниот приватен живот привлекувал големо медиумско внимание. Нејзината бурна врска со три години постариот Ален Делон ја интригирала јавноста, иако актерката често страдала поради тој однос.

Имено, нивните чести караници кулминирале кога Шнајдер дознала дека Делон имал афера со пејачката и актерка Нико, која му родила син. Поради тоа, Роми често почнала да пие алкохол, порок што ја следел до самиот крај.

По раскинувањето со Делон, Роми се омажила за германскиот филмски и театарски актер Хари Мејен, кој поради неа се развел од сопругата со која бил 13 години. Набрзо станале родители на синот Давид Кристофер, кој на актерката, како што велеле нејзините пријатели и познаници, ѝ станал центар на светот.

Сепак, никој не можел да ја предвиди трагедијата што ја довела Роми до работ. Нивниот син Давид на само 15 години трагично настрадал, а по тој настан, Шнајдер не успеала да ги совлада црните мисли. Имено, Давид ги заборавил клучевите, па одлучил да се прекачи преку старомодната „шилеста“ ограда. Се лизнал и еден шилец му ја пробил феморалната артерија. Паднал преку оградата, па обилно крвавејќи ползел до влезната врата кога го чул татко му. Докторите со часови се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Romy Schneider (@_romy_schneider_)

Роми тешко ја поднела загубата на синот, па наредните години ја потопувала тагата со алкохол. Починала на само 43 години како последица од срцев удар, а медиумите тогаш известувале дека починала буквално од скршено срце, што воопшто не е чудно по трагедиите што ги доживеала…

Немало поубава манекенка од неа: Газела преку сите за да стигне до врвот, но една трагедија засекогаш ѝ го променила животот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.