Немало поубава манекенка од неа: Газела преку сите за да стигне до врвот, но една трагедија засекогаш ѝ го променила животот!

Бурен живот

Би можело да се сними филм по нејзиниот живот

Поминаа 30 години откако актерката и манекенка Стефани Сејмор (52) ја освои публиката благодарение на видеоспотот за хит-синглот November Rain од Guns N’ Roses. Кон крајот на 1980-те немало поубава манекенка од неа. А повеќето и денес се сеќаваат на спотот и на венчаницата што ја носеше. Токму екранизацијата на оваа песна ѝ ги донела големата популарност, љубовта на нејзиниот живот, но и еден бурен период од животот.

На снимањето, таа се вљубила во пејачот на овој бенд. Љубовта ѝ била возвратена и набрзо по запознавањето започнале врска, која со секој нареден ден станувала сѐ потурбулентна.

До тој момент, Стефани веќе била со неколку славни мажи, а се зборувало дека била во врска со Чарли Шин и Ворен Бити. Се шушкало дека е подготвена на сѐ за да стигне до целта и да стане популарна.

Кога имала 16 години, била во врска со тогаш 42-годишниот Џон Казабланкас, шеф на агенцијата за модели со која и таа потпишала договор. Казабланкас во тоа време бил во брак со манекенката Џенет Кристијансен, но тоа не го спречило истовремено да живее и со младата манекенка. Пред да се разведе од сопругата, Стефани го оставила.

Подоцна, била во брак со гитаристот Томи Андрес. Иако нивната љубов не траела долго, добиле син Дилан Томас Андрес.

Кратко по овој развод следело снимањето за песната November Rain и познанството со Аксел Роуз. Иако на почетокот сѐ изгледало совршено, оваа врска станувала сѐ полоша со текот на времето.

Напишани се илјадници статии за нивниот див живот полн со дрога, алкохол, сексуални ескапади и физички пресметки. Нивниот однос варирал помеѓу љубов и омраза, како и кај многу други фантастични рок-двојки кои предизвикувале восхит кај медиумите и покрај манијакалното однесување.

Се шушкало и дека се свршени, но нивната љубов завршила во 1993 година со тужба. Имено, пејачот ја тужел манекенката дека го нападнала и дека му украла накит вреден повеќе од 100.000 долари. Во текот на турбулентната парница, таа пред судот раскажала дека тој психички ја малтретирал, а ѝ се јавила и на неговата поранешна сопруга за да сведочи против него. На крајот, сепак се спогодиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stephanie Seymour (@stephanieseymour)

Тоа не било крајот на нејзиниот бурен љубовен живот. Се вљубила во Питер Брант, кој во тоа време бил во брак. Двојката се венчала кога тој ја оставил сопругата, а во 2009 година Стефани побарала поништување на бракот по 14 години заеднички живот. Се смириле една година подоцна, а и сѐ уште се заедно.

Трагедија што засекогаш ѝ го променила животот

Вистинската трагедија се случила неодамна кога нивниот син, моделот Хари Брант, починал како последица од предозирање со хероин. Манекенката тешко ја поднела оваа вест. По смртта на синот изјавила дека нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде ист.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stephanie Seymour (@stephanieseymour)

Одбирала контроверзни мажи, идентитетот на таткото на нејзиното дете го шокирал светот: Животната приказна на најхаризматичната манекенка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.