ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 1 септември: Се чувствувате како да не можете да дишете од обврските што сте си ги наметнале!

Астро-прогноза

Бикот е чувствителен, Водолијата е страшно љубоморна, Јарецот е уморен од животот

ОВЕН

Ве очекуваат некои нови компликации на работа. Под голем стрес сте и тешко ви е да излезете на крај со сите проблем. На прво место ви е искреноста помеѓу вас и саканата личност. Можен е низок притисок.

БИК

Погрижете се за обврските што во минатото ви останале недовршени, бидејќи сега тие би можеле да ви се вратат во форма на поголеми компликации. Сè уште не сте сигурни дали сакате сериозна врска. Имате многу енергија.

БЛИЗНАЦИ

Обидете се да ги одложите важните одлуки, бидејќи денешниот ден воопшто не ви е поволен за работа. Личноста што ви се допаѓа не покажува доволно интерес за вас и затоа сте незадоволни. Осетливи коски и ‘рбет.

РАК

Можно е да не сте подготвени за конечни одлуки, па затоа ги одложувате деловните промени. Ви претстои можност да го поправите односот со личноста што ви значи. Ќе постигнете компромис и ќе ги решите проблемите. Пијте повеќе вода.

ЛАВ

Ви претстои неповолен ден, па чувајте се од некои помали штети кога станува збор за работата. Доколку веќе имате партнер, наредниов период ќе успеете да дојдете до важни одлуки за заедничката иднина. Проблеми со холестеролот.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од околностите на работа. Подготвени сте да се посветите на остварување посериозни промени. Не сакате да го изгубите партнерот и повеќе се трудите околу врската. Редовно проверувајте го крвниот притисок.

ТЕРЕЗИЈА

Под голем притисок сте и работата ви носи сè поголем стрес во секојдневниот живот. Покажете ѝ на саканата личност дека сте подготвени на компромиси. Ве очекува можност значајно да го подобрите вашиот однос. Можна главоболка.

СКОРПИЈА

Ви претстои можност да го остварите напредувањето на коешто сте се надевале на професионален план. Можете да очекувате поволен период. Не очекувајте сериозна врска. Наредниов период ви е прилично неповолен за љубов. Посетете лекар.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете задоволни од деловната ситуација и од околностите во кои се наоѓате. Успеавте далеку да стигнете. Можно е да немате доволно доверба во партнерот кој ви покажува некои чудни сигнали. Ќе ви годи вежбање.

ЈАРЕЦ

Ќе ги надминете проблемите од минатото. Успешни сте во својата работа и многу сте задоволни од неа. Имате стабилен однос со саканата личност. Можете да очекувате дека ќе бидете среќни во вашата врска. Внимавајте на желудникот.

ВОДОЛИЈА

Наскоро ќе ви се укаже можност да напредувате на работа. Ја стекнавте довербата на работното опкружување. Потребно е повеќе да му се посветите на партнерот. Почнавте да го занемарувате поради работата. Болки во пределот на вратот.

РИБИ

Многу сте снаодливи и подготвени сте да смислувате нови идеи за да ги остварите вашите цели на работа. Можеби ќе ви се укаже можност да запознаете личност која ќе разбуди силни емоции во вас. Ви треба одмор.

Конечно се ослободивте од духовите на минатото: 3 хороскопски знаци што ќе најдат љубов овој септември!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.