Кејт Мидлтон: Трнлив пат од сосема обична девојка до живот во палата

Кралски живот

Иако сега живее вистинска бајка, нејзиниот живот некогаш бил сосема поинаков

Нејзиниот живот изгледа како бајка и многумина и’ завидуваат. На љубовен план и’ цутат рози, има три прекрасни деца, пристап до најпрекрасните работи и можност да го прошета целиот свет. Се чини дека навистина е родена под среќна ѕвезда, но она што најверојатно не го знаете е дека нејзиниот пат до совршениот живот не бил воопшто лесен.

Во текот на животот поминала низ многу препреки и падови додека не станала сопруга на член од кралското семејство.

https://www.instagram.com/p/Br8TnOBhnNe/?utm_source=ig_embed

Нестабилна врска со Вилијам

Кејт Мидлтон и принц Вилијам се заедно од 2003 година, а се запознале во 2001, додека студирале на универзитет и некое време биле пријатели пред да започнат врска. Кралскиот биограф Ендру Мортон рекол дека нивниот однос на почеток не бил баш добар.

Според наводите од книгата „Вилијам и Кетрин“, Кејт на почетокот од врската не се чувствувала пријатно.

„Вилијам често беше отсутен, а Кејт се чувствуваше како да не и’ посветува доволно внимание. Беше третирана како слугинка, а не како девојка“, напишал тој.

Додал дека разговарал со пријателите на Вилијам, кои исто така се согласиле дека не ја ценел доволно.

https://www.instagram.com/p/B0tSXoLnTN4/?utm_source=ig_embed

Неговите пријатели не ја сакале

Во истата книга, авторот открил дека блискиот круг на пријатели на Вилијам не ја прифатиле, бидејќи верувале дека таа не е добар избор за него.

„Додека сите ја доживувале како убава и разумна девојка, имало и такви во кралските и аристократските кругови што верувале дека Мидлтон е премногу обична за кралското семејство и дека не и’ е местото таму“, додал авторот.

https://www.instagram.com/p/B0xv06wJq_T/?utm_source=ig_embed

Ни најблиските членови од семејството не биле воодушевени од изборот на Вилијам

Денес Кејт е во одлични односи со сите членови, но тоа не било така на самиот почеток. Требало да помине многу време за да ја прифатат и да почнат да ја третираат како рамноправна на нив.

Според еден магазин, кралицата Елизабета го предупредила Вилијам дека нема да толерира разводи, па затоа би требало добро да размисли пред да се венча со Кејт.

Ендру открил во книгата дека принц Чарлс многу бурно реагирал кога ја дознал веста за нивната венчавка.

https://www.instagram.com/p/B0aFFyKnx3j/?utm_source=ig_embed

Немири во текот на врската

Нивното љубовно патување било полно со успеси и падови. Два пати раскинале, првиот пат за време на нивните универзитетски денови, а другиот во 2007 година.

Дефинитивно не е лесно да се сака принц, но Кејт успеала да премине преку сите препреки. Нивната приказна е доказ дека љубовта секогаш победува на крајот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.