Не можеле да склучат црковен брак поради разликата во години
Но тоа не била единствената пречка
Голем број двојки успеаја да ги урнат стереотипите што се однесуваат на големата разлика во години. Дури и повеќедецениските разлики не ги спречија познатите личности да се сакаат и да склучат брак, па дури и црковен, кој не беше возможен поради строгите прописи и правила.
Една таква позната двојка, чија врска од самиот почеток ја интригираше јавноста, се креаторката Верица Ракочевиќ и Вељко Кузмачевиќ. Верица е дури 35 години постара од сопругот, но тоа не им претставува некаков проблем и бракот им се хармоничен. Често истакнуваат дека се двојка со авантуристички дух и дека се сродни души.
Иако силно сакале, Верица и Вељко сепак не можеле да се венчаат во црква, бидејќи според каноните разликата меѓу младенците не смее да биде поголема од 15 години, а невестата би требало да биде помлада од 60 години, а Верица кога се омажи со Вељко, имаше 65 години. Уште една пречка претставувал бракот што креаторката го има зад себе, а кој бил склучен во црква.
Многумина ги осудуваа, но нив не ги загрижуваше тоа. Се „шушкаше“ дека дури и ќерката на Верица, Елена, била против љубовта на мајка си и Вељко поради големата разлика во години, па затоа не присуствувала на нивната свадба.
View this post on Instagram
Sest godina kasnije🍀🍀🍀🍀🍀 #srecajeumalimstvarima❤️💙💛💞💕 #godinesusamobroj🎂
Фото: Инстаграм