Дали Анџелина Џоли ја снашла истата судбина како Џенифер Анистон: Што се случувало меѓу Бред Пит и убавата Французинка?

Се шушка!

Нивните страсни сцени и големата хемија на филмското платно ги поттикнале гласините дека Марион Котијар и Бред Пит се љубовници

Кога во 2016 година премиерно бил прикажам филмот „Тајни врски“, во кој двајца славни актери глумеле шпионски брачен пар чија љубовна приказна нема среќен крај, многумина веднаш ја забележале сличноста со ситуацијата од снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“.

Имено, се шушкало дека Бред и Марион се вљубиле на снимањето, па дека нивната филмска хемија воопшто не е лажна. Со оглед на тоа дека славниот актер токму тогаш најавил дека се разведува од сопругата Анџелина Цоли, злите јазици одвај дочекале нова прилика да пласираат теорија што добро стресе Холивуд.

Кога се запознале Бред и Анџелина, тој бил во брак со Џенифер Анистон, која ја оставил поради својата партнерка од филмот. Многумина мислеле дека историјата се повторила на снимањето на „Тајни врски“, само што овој пат заводницата била убавата Французинка Марион.

https://www.instagram.com/p/B0pJANXAsm8/?utm_source=ig_embed

Обожавателите го дочекале разводот на Бред и Анџелина како големо изненадување, па веднаш започнале да нагаѓаат што ја уништило врската на најславниот актерски пар. Медиумите почнале да ги растргнуваат Марион и Бред до таа мера што Французинката на крајот одлучила да проговори за сето тоа на својот инстаграм-профил.

Секако дека ги негирала сите обвинувања и аферата со Бред, но тоа не им ставило крај на озборувањата.

Трачовите отишле толку далеку што се зборувало дека актерката е бремена и дека носи негово дете.

Со оглед на тоа дека во моментот кога избил скандалот и Марион и Бред се’ уште биле во брак, ваквите трачови биле особено погубни за нивните семејства.

Така актерката изјавила дека пред многу години ја запознала љубовта на својот живот, човекот за кого се омажила, актерот Гијом Кане, со кого има и две деца.

По медиумскиот хаос што траел неколку месеци, станало болно очигледно дека Марион не е бремена од Бред, ниту, пак, дека постоело нешто повеќе од пријателство помеѓу двајцата актери.

Излегло дека се работи само за злобни трачови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.