Атрактивната водителка се потсети на фаталната средба со човекот на својот живот

Моментот што ѝ го сменил животот

Атрактивната водителка на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, убавата Сања Кужет е во повеќегодишна заедница со бизнисменот Немања Живојиновиќ, со кого го има синот Страхиња, додека, пак, од првиот брак го има синот Андрија, а неодамна откри детали од првата средба со него.

Имено, таа се потсети на едно дамнешно летување завреме на кое се запознала со Немања.

Првпат се сретнавме кога бевме многу млади, јас 21 година, а тој 23. Се запознавме на Крит, сосема случајно. Се видовме уште во авионот, а по 3-4 дена стапивме во контакт, моето и неговото друштво исто така се здружија и до крајот на одморот се дружевме. Всушност, тоа беа другарски односи и не се случи нешто значајно, дури откако се вративме во Белград и продолживме да се дружиме, се појавија симпатии и имавме кратка врскичка во тоа време. Тоа беше едно убаво летување од кое се развија убави другарства што траат до денес“, се потсети водителката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Таа додаде дека судбината ги вмешала прстите, десет години од споменатото летување….

Врската не беше загубена, се’ уште некој контактираше со некого од тоа друштво, и така се роди идејата да се собереме. Тоа беше само миг на среќа и околности, бидејќи кои беа шансите да се појавам таа вечер на таа собиранка, можев воопшто и да не излезам, во последен миг одлучив да дојдам. Кога се отворија темите за разговор, имав можност да запознаам еден сомема друг Немања, иако и во она време беше мошне културно момче, тоа не се смени, но јас зборувам за зрелоста, во тој поглед како да се две сосема различни личности… Што е и нормално, мажот на 23 години и мажот што го запознав 10 години подоцна – тоа е огромна разлика“, раскажа Сања за порталот „Мондо“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Нашиот статус е невенчани сопружници, како што се вели денес… Ма, нам вака ни е убаво, не сум роб на формалности. Нам ни е прекрасно, имаме заедничко дете“, заклучи водителката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.