Седум идеи за уредување на кујната

Иновативни и модерни решенија

Фото: Фејсбук

Кујната во домот има посебна магија. Секогаш со мирис на топло испечено јадење и зачини,  простор во кој секогаш без исклучок поминувате со насмевка, простор каде кулинарски настроените се изолираат од проблемите на секојдневието и мечтат во својот свет, местото каде сите одеднаш може да бидат заедно без да си речат ниту еден збор, секој задлабочен во својата хармонична работа, дали е тоа готвење, помагање, уредување, или пак за децата – пишување на домашните.

Последните години кујната и трпезаријата се почесто стануваат еден простор, кујнското островче станува центар на социјализацијата во домот и меѓу членовите на семејството и меѓу повремените гости. Островчето станува некогаш главна трпезариска или работна маса, каде децата или партнерите може да работат нешто додека некој друг член од семејството готви. Токму поради овој интензивиран елемент на социјализација, при уредувањето на домот кујната добива се повеќе внимание бидејќи не е веќе само еден изолиран простор каде готви домаќината, туку заедничко место за дружба.

Во продолжение ви претставуваме неколку идеи за уредување на кујните.

Темни подови

За кујните често се бираат посветли тонови како белата, посветли нијанси на сива или крем боја. Доколку ѕидовите и елементите ви се во светли бои, малку потемен под, особено ако се одлучувате за дрвен под и паркет, ќе внесе контраст и отменост во просторот, а истовремено ќе создаде и една поудобна атмосфера.

Внесете малку боја во неутралните тонови

Дури и ако се одлучите за сива или бела, одберете нивна нијанса која има малку ноти од друга боја како сивкасто-виолетова, или сивкасто-сина за да внесете малку софистицираност и малку поинакво чувство во навидум неутрална, монотона кујна.

Доза рустичен шарм

Доколку сте во можност внесете малку рустична атмосфера преку аспиратор од метал или со бакарни нијанси. Голем број кујни веќе имаат само долни елементи и отворени полици, па ваквиот тип аспиратор може сам по себе да биде централно интересно парче кое ќе и даде посебен стар шарм на кујната.

Почнете од подот

Подот во кујната е посебна приказна. Килимите воопшто не се практични за кујната, потребни ви се плочки кои ќе бидат лесни за чистење. Но, наместо да се одлучите само за безлични монотони плочки, размислете дека и тие може да бидат декор кој ќе падне во очи и ќе ја направи кујната уште поинтересна. Одлучете се за плочки со различни геометриски дезени, кои освен тоа што се практични за чистење, ќе внесат енергија, креативност и шарм во кујна уредена во светли, неутрални тонови.

Винтиџ ноти

Елементите со винтиџ нота кои изгледаат како да се изведени од старо, реискористено дрво се уште се тренд. Доколку сакате да внесете малку винтиџ стил со ваков шарм одлучете се за елементи од чемпресово дрво, кое со преработка дава токму таков рустичен изглед. Можете да изберете такви да бидат висечките елементи или пак централното кујнско островче.

Црни елементи

Осмелете се да внесете црни елементи, особено кога се работи за големи кујнски уреди како фрижидери или шпорети. Иако често овие елементи се во сребрена или бела боја, еден ваков елемент во црно може да направи голема разлика и да и даде сосема поинаков, смел, отмен карактер на кујната.

Не заборавајте на малите детали

Освен големите елементи, не заборавајте и на малите декоративни и практични детали кои се неопходни за кујната да изгледа како она топло место кое секогаш мириса на свежо испечени кифлички. Малку интересен кујнски декор,креативни чинии и садови за чување на различни намирници, интересни кујнски крпи внесуваат дополнително топлина во овој заеднички простор во домот.

Идеални решенија за уредување на вашата кујна можете да најдете во салоните на „Прима мебел“ кои што нудат комплетно решение за опремување на ентериери. Што значи, освен кујни, имаат и одличен избор на гарнитури, трпезарски маси, столици, спални соби и се што е потребно за домот. Нудат 5 години гаранција, а мебелот е нивна изработка, како и дизајните.

Фото: Пинтерест, Прима Мебел

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.