Како да… изберете гарнитура за во двор или на балкон

Совети

Одговара дипл. инж. по архитектура, м-р Рената Балсам.

Кога избирате гарнитура, внимавајте да е удобна, функционална, со модерен дизајн, и пред сè, да не е прескапа за вашиот буџет. Основна ставка е површината на просторот со кој располагате и бројот на лица за кои е наменета.

Доколку дворот или терасата не ви се покриени, предлагам да купите гарнитура што лесно се преместува, со делови на склопување, која брзо ќе ја соберете доколку заврне. Инвестирајте во убав и квалитетен чадор, кој ќе му го продолжи векот на вашиот мебел во бавчата, бидејќи ќе го заштитува од директното атмосферско влијание.

Тешкиот дрвен мебел тешко се поместува, па добро размислете кој дел од градината е совршено место за вашата нова гарнитура.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.