Како да одберете идеален тепих за домот?!

Совети

Фото: Фејсбук

Изборот на тепих игра голема улога за крајниот изглед на ентериерот и токму затоа е потребно посебно внимание при неговото бирање.

Кога се работи за нијансите, дизајнерите предлагаат контрасни бои во однос на ѕидовите и мебелот.
Дококолку се е во ист тон, просторот може да изгледа досадно.

Најдобри се теписите изработени од волна бидејќи се најлесни за одржување, но доколку вашиот буџет не може тоа да го дозволи, определете се за синтетика. За во спaлната соба изберете меки и едноставни материјали, важно е да е удобни и толи на нозете кога сте боси.

Во модерниот енетериер тепихот не служи за комплетно покривање на подот, а златното правило вели дека тепихот треба да е поставен на 40 см подалеку од ѕидот во дневната соба или во голем простор и 20 цм во мала просторија.

Фото: Пинтерест

Просторот во ходникот поради практичност се препорачува да е целосно покриен со тепих. Внимавајте и на тоа тепихот да не биде мал, бидејќи на тој начин и просторот визуелно ќе изгледа помал.

Во дневната соба улогата на тепихот е да го обележи просторот каде седат гости.
Дизајнерите советуваат предниот дел на мебелот да биде поставен на тепихот додека задниот може да е на самата ивица на тепихот.

Најдобриот избор пак за тепих во трпезаријата е доколку масата и столчињата бидат поставени на тепихот, столчињата не треба да го гребат подот.

Фото: Пинтерест

Некои дизјанери советуваат дека при уредувањето на ентериерот најдобро е прво да се започне со изборот на тепихот, мебелот, завесите… Ако пак започнете обратно можно е да поминат месеци додека да го најдете иделниот тепих за просторот што го уредувате.

Покрај тоа, теоријата на уредување на домот вели дека не е се во деталите, тепихот е клучниот дел за изгледот на домот. Модерни и уникатни теписи можете да најдете во новоотворениот салон на „Санат Ексклузив“ кој што е стациониран покрај Градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје.

„Санат Ексклузив“ располага со голем број на теписи кои што можат да се вклопат во стилот и ентериерот на секој дом. Како и секоја декорација, тепихот треба да се избира со вкус и големо внимание.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.