Од одронетата тераса направила рајско катче: Неверојатна трансформација со минимален влог! (ВИДЕО)

Инспирација

Ќе ве воодушеви

Вистинското летно време конечно пристигна, а ако сè уште не сте го сториле тоа, време е да ја средите вашата тераса. Во ова катче многумина поминуваат многу време во текот на најубавото годишно време, па зошто да не го средите како што сакате за вашето уживање да биде максимално.

Доколку ви недостигаат идеи, погледнете како оваа девојка со малку труд и со минимален трошок успеала да ја скоцка својата тераса и да ја претвори во вистинска оаза за уживање.

Таа купила гарнитура за во градина, но можете да ја користите и онаа што веќе ја имате, а одлично ќе изгледаат и маса и две столчиња. Додала тепих, сијалици долж целата ограда, декоративни перници во неколку бои и малку цвеќе. Овие неколку едноставни детали ја претвориле „здодевната“ и обична тераса во простор во којшто ќе посакате да седите цел ден.

Во видеото погледнете како изгледала целата трансформација…

Неверојатни идеи за украсување балкон или тераса
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.