Ако ги имате овие три бројки во датумот на раѓање, судбина има неверојатен план за вас: Наредниов период ќе нижете само успеси!

Нумерологија

Проверете дали спаѓате во оваа група

Во нумерологијата секој број има посебно значење, но особено се истакнуваат овие три бројки, кои имаат најмоќна енергија и се симбол на добрата судбина.

Станува збор за броевите 11, 22 и 33. Доколку некои од главните бројки ги имате во својот датум на раѓање, односно ако во вашиот датум на раѓање се појавуваат две единици, двојки или тројки, имате посебна заштита од универзумот, според толкувањето на нумеролозите.

Особено успешен за вас ќе биде периодот до крајот на оваа година. Ќе нижете успеси на сите полиња. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети и ќе остварите сè што ќе посакате.

Еве каква симболика имаат овие моќни астро-броеви…

Бројот 11

Луѓето со оваа бројка во својот датум на раѓање имаат изразена интуиција и духовна свест. Чувствителни се, сетилата им се изострени и поседуваат развиена емпатија и природна интелигенција. Бројот 11 е симбол на голема моќ – ментална и физичка. Носителите на овој број најчесто се стари души кои со мудрост се борат со предизвиците. Нивните најголеми доблести се почитта, емпатијата, разбирањето на проблемите и нивното успешно решавање, стабилноста, чувството за успех и способноста за креирање квалитетни односи.

Бројот 22

Лесно ги применуваат стекнатите знаења во пракса, па ова се најчесто многу успешни и ценети луѓе. Имаат изразена самопочит, природна интелигенција и лидерски способности. Тие се големи визионери и креатори на одлични идеи. Во љубовта се посветуваат потполно – посветени се, искрени и знаат како да ги решат конфликтите.

Бројот 33

Претставува број на совршена рамнотежа и го имаат исклучително храбри и амбициозни луѓе. За нив не постојат нерешливи препреки, а секој пад е шанса за нов успех. Понекогаш изгледаат ладно, но тие се всушност многу емотивни луѓе кои во животот ќе ви донесат креативност, радост и ентузијазам. Во љубовта со носителите на бројот 33 се воспоставуваат почит и потполна хармонија.

Ако сте родени на овој датум, среќата ќе ве следи на секој чекор: Животот ви испланирал само убави мигови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.