Ѕирнете во раскошниот дом на најмладиот син на кралот на поп-музиката (ФОТО)
Се „почести“ по повод 18-от роденден
Најмладиот син на покојниот Мајкл Џексон, Бленкет неодамна наполни 18 години, а во оваа пригода, ова младо момче одлучи да се почести со прекрасна палата во Калабас, Калифорнија.
View this post on Instagram
Откако наследи богатство од својот татко, младиот Џексон си купи куќа од 2,62 милиони долари што доаѓа со огромна квадратура, убаво уредни простории, двор и градина што создаваат неверојатна рајска оаза.
Во куќата има базени, сауна и спортска сала и две пространи гаражи, кои им обезбедуваат паркинг на скапите автомобили. Бленкет се пофали со својот нов дом и го покажа пред јавноста.
Потсетуваме, Мајкл Џексон почина во 2009 година, но сепак е една од најпопуларните музички икони и sвезди. Тој е еден од ретките кој сè уште заработува милиони иако е мртов, што само покажува колку беше сакан и популарен.
View this post on Instagram
Бленкет вели дека татко му многу му недостасува, но дека тој бил во можност да порасне во маж со кој кралот на поп-музиката би се гордеел.
Фото: Getty Images, Printscreen Instagram (@blanketjackson7)