10 водечки трендови за пролет/лето 2021: Секоја модерна жена треба да ги има овие парчиња во плакарот!
Мода
Вака ќе се облекуваме наредниов период
Иако временските услови говорат поинаку, пролетта пристигна и време е да зборуваме за трендовите што ќе доминираат на модната сцена. Модните експерти одлучија: овие 10 парчиња мора да се најдат во плакарот на секоја жена со стил. Ќе бидат актуелни како напролет така и налето оваа година…
1. Бициклистички
View this post on Instagram
Трендовите од 1990-те во голема мера се вратија на модната сцена, а хеланките бициклистички се парчето што жените го дочекаа со восхит. Може да се носат во лежерни, но и во малку посвечени комбинации и многу се удобни, што им дава дополнителен плус. Беа актуелни минатата година, но популарноста не им опаѓа ни оваа.
2. Чанта „Кери Бредшо“
View this post on Instagram
Уште еден тренд што беше популарен во текот на 1990-те, а повторно се врати на сцената се мини-чантичките, како оние што ги прослави Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“.
3. Предимензионирано сако
View this post on Instagram
Нагласените рамена и оваа година се во тренд. Предимензионираното сако навистина може да му даде шмек и најобичниот стајлинг.
4. Ѕвонарки и пошироки модели на фармерки
View this post on Instagram
Тесните фармерки заминуваат во заборав. Оваа година удобноста е на прво место, па така често ќе гледаме модни комбинации во кои акцентот е ставен на широките модели.
5. Маица со едно голо рамо
View this post on Instagram
Асиметричните кроеви повторно стануваат популарни. Фустаните, маиците, блузите со едно голо рамо ќе котираат високо на листата на модните трендовите.
6. Бермуди
View this post on Instagram
Тексас-бермудите до колена мора да се најдат во гардероберот на секоја жена. Вреди да се инвестира во ова парче, бидејќи може да се носи на многу начини и во безброј пригоди.
7. Парчиња од кожа
View this post on Instagram
Најпопуларни, секако, ќе бидат панталоните и здолништата изработени од овој материјал.
8. Четириаголни сандали
View this post on Instagram
Сандалите-влечки стекнаа голема популарност во текот на 1990-те години. Со оглед на тоа што модата се врти во круг, повторно дојде нивниот ред. Љубителите на модата велат дека тие ќе бидат задолжително парче сезонава.
9. Мачкести очила за сонце
View this post on Instagram
Мачкестиот облик повторно е во тренд, а одлично е тоа што добро им стои на сите форми на лице, па не можете да погрешите со ваквите очила за сонце.
10. Фустан со „паф“ ракави
View this post on Instagram
Само што им кажавме збогум, а модните дизајнери ги вратија на големата врата. Тоа повеќе не се само „паф“, туку балон-ракави, а правилото гласи: што поголеми, тоа подобро!