Верувале или не: Ова е тајното пребивалиште на Цеца (ФОТО)

Кој би рекол...

Веруваме дека никогаш не би претпоставиле дека мегапопларната Цеца Ражнатовиќ има стан во оваа зграда.

Сепак, судејќи по написите на српските медиуми, кои се темелат врз исказот на соседите и продавачите во непосредна близина на зградата, токму во оваа стара зграда на три ката фолк-пејачката поседува стан, кој е нејзино скривалиште.

Имено, во хотелите Цеца едноставно нема мир бидејќи сите ја препознаваат и нема никаква приватност. Затоа пејачката го купила токму овој апартман во Бечиќи во Црна Гора, каде што престојува кога оди таму.

Дека ова е тајното скривалиште на најголемата балканска sвезда сведочи токму изгледот на фасадата на зградата, која е избледена, па дури и распукана на повеќе места. Никој не би претпоставил дека Цеца одморала токму во оваа зграда.

Овој стан го купи пред неколку години затоа што нејзиниот престој во хотелите е стресен. Таа е позната како некој што ја чува својата интимност, а во хотел, дури и да е со пет sвезди, едноставно нема мир. Секој пат кога ќе ја напушти собата, кога оди на појадок, во спа-центарот или, едноставно, на кафе во фоајето на хотелот, тоа е придружено со фотографи, автограми и врескање. Затоа одлучи да биде сама за време на одморот и да се повлече во својата оаза на мирот“ – вели извор близок до пејачката и додава:

Таа намерно купи стан далеку од центарот на градот и во зграда со неколку станари, што не изгледа гламурозно. Во оваа зграда, која има само три ката, претежно е населена со постари станари. Таа ужива да е тука со своето семејство. Најчесто со нејзиниот син и ќерка, а често и нејзините родители или сестра Лидија доаѓаат со нејзиното семејство – вели еден од соседите на Цеца, додека продавачката од блиската продавница додава:

Таа не доаѓа во нашата продавница, но понекогаш ја гледаме на балконот. Не е облечена како пејачка, но во апостолки, без шминка, излегува да вдише свеж воздух. Кога ја поздравуваме, таа секогаш одговара љубезно. Кога ни рекоа дека Цеца купила стан таму, сите мислевме дека е шега. Таа е толку прифатлива и нормална жена што сите бевме воодушевени од сето тоа.“

Фото: Зоран Илиќ/РАС Србија

Извор: Пулс онлајн

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.