За љубителите на пилешко месо: Еве што се случува во организмот ако го консумирате секој ден

Познато како посно месо, богато со протеини а сиромашно со масти, пилешкото месо им е омилена намирница на лицата што се занимаваат со фитнес, се занимаваат со спорт, држат диета или, едноставно, го сакаат неговиот вкус.

Сепак, доколку јадете пржено, похувано и зачинето пилешко месо секој ден, во обилни порции (на пример, похувани пилешки крилца со сос) може да предизвикате здравствени проблеми. Но ако јадете печено пилешко месо, без многу сол и зачини, или, пак, варено, има неколку здравствени придобивки што ќе ги забележите.

Познато е дека калциумот и витаминот Д се главни за здравјето на коските, но и протеините се клучни за превенција на остеопороза и одржување на здравјето на коските.

Заситува

Ако го вклучите пилешкото месо во исхраната, ќе се чувствувате задоволно и сито и нема да се прејадувате.

Дава повеќе енергија

Ако страдате од анемија, можеби ќе се чувствувате уморно, дури и кога сте доволно наспиени. Но ако консумирате пилешко месо, се зголемува нивото на железо во крвта и ќе имате повеќе енергија.

Се подобрува здравјето на срцето

Јадењата со пилешко месо го подобруваат здравјето на вашето срце. Со правилна исхрана во која ќе го вклучите пилешкото месо – ќе го намалите лошиот холестерол во телото.

Напомена: прекумерното консумирање на која било намирница е лошо. Ако јадете само една намирница, ќе имате недостиг на други хранливи материи во телото. Затоа, најдобро е да јадете пилешко месо неколку пати неделно и да го комбинирате со зеленчук и ориз.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.