Колку потроши Кејт Мидлтон на гардероба во 2020 година?

Кејт Мидлтон најмногу ја фалат за нејзината гардероба – поради фактот што „рециклира“ поголем дел од стајлингот, но и поради нејзиниот уникатен моден израз!

Одобрување и воодушевување пристигнуваат од сите страни.

Сепак, британски „Дејли мејл“ смета дека некои парчиња облека на сопругата на идниот крал сепак се премногу скапи. Тие пресметаа дека таа потрошила 94 000 фунти на гардероба во годината што стоеи зад нас, и покрај фактот дека повеќето комбинации беа прикажани само на Зум, внатре во куќата.

Таа носеше најскапа облека во март за време на турнејата низ Ирска, непосредно пред светот да се втурне во блокада. Станува збор за смарагден фустан – „Алесандра Рич“ за 2.700 долари, палто од „Кетрин Вокер“ за 5.200 долари и обетки од „Asprey Daisy Heritage“ за 30.600 долари. Страста на војвотката за палта исто така влијаеше на потрошувачката – секое чинеше помеѓу 4.000 и 6.000 долари.

Ова е добро познат факт: „спонзор“ на нејзината гардероба воопшто не е принцот Вилијам, туку принцот Чарлс. И само мал дел од парите доаѓаат од семејниот буџет. Сепак, за време на пандемијата, финансирањето од владата за кралското семејство беше суспендирано.

Оваа приказна има и „друга страна“ затоа што љубовта на Кејт кон елегантната облека имаше и позитивно влијание врз економијата. Платформата LovetheSales процени дека облеката на Кејт во која се појави за време на карантинот е трипати побарана и распродадена многу брзо.

Прочитајте и: „Тренерката е знак на животен пораз“: Легендарни изјави на Карл Лагерфелд што засекогаш ќе ги паметиме!

 

ФОТО: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.