Вака изгледа куќата на човекот кој заработува милиони: Сè блеска од луксуз, а една просторија е уредена на посебен начин

Луксуз

Славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ живее во дом што во најмала рака изгледа раскошно

Славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ често привлекува внимание на социјалните мрежи со својата неверојатна смисла за хумор. Меѓутоа, многумина ја забележале неговата луксузна куќа на објавите.

Поради природата на работата со која се занимава, Ибрахимовиќ често го менува местото на живеење, од Шведска, Франција, Америка до Италија, која е неговата моментална дестинација.

Имено, фудбалерот моментално живее во Милано со своето семејство, сопругата Хелена и синовите Максимилијан и Винсент, а нивниот дом блеска од луксуз и гламур.

Освен во вежбалница каде што често го поминува времето, фудбалерот често се снима како вежба и во другите простории, кои се многу пространи.

Уредувањето на бројните простории Ибрахимовиќ му го препуштил на најдобриот италијански дизајнер на ентериер, додека вежбалницата ја уредувал сам, по сопствен вкус и потреби.

Инаку, богатството на Ибрахимовиќ се проценува на 114 милиони долари, а со самото тоа спаѓа во групата на оние што можат да си овозможат што и да посакаат, па не е ни чудно што има раскошен дом за каков што многумина сонуваат.

Ѕирнете во детската спална соба на Новак Ѓоковиќ: Имаат изобилство од овa, а скромноста паѓа во очи (ФOTO)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.