Таа е на прагот од осмата деценија, а во креветот е незаситна: Нејзиното темпо не може да го следи ни 26 години помладиот дечко!

Опседната е со секс

Крис Џенер често истакнува дека е зависна од интимни односи и дека нема проблем да води љубов на кое било место

Кланот Кардашијан е познат по големите скандали и отворениот пристап кон табу темите. Освен со скандалите, внимание привлекуваат и со атрактивниот изглед.

Посебно се издвојува предводничката на кланот Крис Џенер која има 67 години, иако тоа не може да се забележи по нејзиниот изглед. Имено, Крис изгледа многу помлади, па додека многумина се прашуваат на што се должи таа привилегија, таа отворено зборува за своите сексуални односи со кои е опседната.

Со години беше во брак со Брус Џенер, кој отиде чекор подалеку и го промени полот, па денес е Кејтлин Џенер. Крис моментално ужива во врската со Кори Гембл (41), кој ѝ е голема поддршка и ѝ помага да се релаксира по напорната работа.

Крис никогаш немала проблем јавно да зборува за своите интимни односи, како и потреби. Книгата што ја објави во 2011 година е преполна со детали од нејзиниот интимен живот со Тод Вотерман.

Имено, таа ја опишала нивната врска како огнена и открила дека не одбирале ни време ни место каде ќе имаат секс. Крис во книгата наведува дека имале односи во автомобил, на тениски терен, во куќичка покрај базен, во гаража, на скали, накратко, каде и кога и ќе стигнат.

Таа во една емисија зборувала дури и за сексуалниот однос со сегашниот партнер и навестила дека имаат редовни односи, додека тој за неа смета дека е незаситна во кревет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Ситуацијата што ја опишала може да се види само на филм. Имено, ќерка ѝ Клои добила дојава дека партнерот на мајка ѝ се гледа со огнено црвенокоса жена, по што почнала да ја следи со својата пријателка.

Потоа отишле до хотелот и имале што да видат. Таа црвенокоса жена била Крис, која се маскирала, бидејќи обожава такви игри. Крис во една пригода била толку возбудена што морала да ја исфрли снимателската екипа на семејното реално шоу „Во чекор со Кардашијан“ за тие двајца да имаат секс. Сцената се случила во канцеларијата на Кајли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)


Таа често истакнува дека не се грижи ниту за камерите ниту за што било друго кога има односи со својот дечко, додека често си разменува искуства со своите ќерки.

Беше машко, а сега Кејтлин Џенер се жени со 47 години помладата свршеница
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.