Со оглед на тоа што Тара и Стефан Ѓоковиќ се деца на еден од најдобрите спортисти на сите времиња, сосема е логично јавноста да очекува од нив да живеат во луксуз и раскош за кој „обичниот свет“ може само да сонува.
Меѓутоа, реалноста е сосема поинаква. Јелена и Новак Ѓоковиќ на своите наследници им уредиле простор за живеење што го има секое просечно дете.
Судејќи според она што го видовме благодарение на објавите на социјалните мрежи, детската соба на Стефан и Тара Ѓоковиќ е уредена во минималистички стил. Има неутрални бои, а единствено што го имаат во изобилство се интерактивните играчки, кои им помагаат да ја развијат интелигенцијата и концентрацијата.
View this post on Instagram
Новак и Јелена даваат сè од себе за да ги воспитаат децата да бидат скромни, како и да ги научат на вредноста на учењето. Нивниот дом е исполнет со книги, љубов и насмевки, но дефинитивно не и материјален луксуз.
View this post on Instagram
Моите деца се првата генерација деца кои никогаш не добиле ќотек. Јас го добивав од моите родители, мајка ми пред мене, татко ми, баба ми и дедо ми, Новак исто така. Стефан и Тара се првата генерација и верувам дека неодговарањето на грешките и погрешното толкување на емоциите со насилство навистина ќе го промени светот. Верувам дека ова е голем квантен скок во менувањето на историјата и иднината – изјави Јелена при нејзиното појавување на панелот „Иднината е сега“.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм