ПОЗНАТИОТ МУЗИЧАР ЗАГИНА: Заработи смртоносни повреди на ГЛАВАТА по падот во својот дом

Морничаво

Полицијата направила увид на местото на смртта.

Долгогодишниот тапанар на групата Dead Kennedys, и поранешен тапанар на Red Hot Chili Peppers, Д.Х. Пелигро почина на 63-годишна возраст, по пад во својот дом во Лос Анџелес, по враќањето од европска турнеја.

Тој почина откако ја удрил главата при несреќниот пад во петокот во својот дом.

Тапанарот, чие вистинско име е Дерен Хенли, им се придружи на Dead Kennedys во 1981 година, а потоа накратко свиреше со Red Hot Chili Peppers.

Кога групата се обединија во 2001 година, тој повторно им се придружи. Тој беше вториот тапанар на бендот и ја презеде функцијата на основач на групата

Бендот штотуку се врати во САД од европската турнеја за време на која ги посетија Полска, Германија и Франција, по што Хенли ја доживеа несреќата која резултира со негова смрт.

Deren Henli

Полицијата по увидот соопшти дека починал од повреда на главата предизвикана од несреќниот пад. Ве молиме, почитувајте ја приватноста на семејството во овој тежок момент. Ви благодариме за вашите мисли и утешни зборови – стои во објавата на веб-страницата на бендот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.