Цеца Ражнатовиќ одлучи да ја „поднови“ вилата на Кипар: Ќе им парира на претседателските резиденции (ФОТО)

Блазе си ѝ!

Фото: Инстаграм

Цеца Ражнатовиќ не крие колку сака да го помине слободното време во својата вила на Кипар, која ја купи пред 15-тина години преку пријател, наводно на кредит, како што самата изјави во една пригода, во висина од милион и половина евра.

Оазата на мирот на Цеца од 400 квадратни метри има шест спални соби, голема дневна соба додека во дворот е сместен и голем базен со поглед на морето.

Во медиумите неодамна излезе веста дека таа сака да ја реновира и дека ќе ја надгради за еден кат.

Цеца веќе има проект за реновирање на куќата. Планира потполно да ја промени истата до најситен детаљ. Ќе крене и трет кат на кој ќе направи и спа-центар. Ќе вгради џакузи, кое ќе има директен поглед на морето, како и сауна. Таа бараше да има и посебна соба за масажа“, вели добро упатен извор за српските медиуми.

Пријателот на пејачката додава дека на првиот кат ќе има голема дневна соба со камин, бидејќи Цеца сака да одмора во вилатаи  во зима, а не само налето.

На вториот кат секоја соба ќе има посебен тоалет, а во вилата ќе биде вграден и лифт за да можат гостите полесно да се движат на катовите“, вели изворот.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.