Додека Пике гордо шета со љубовницата, Шакира спрема брутална одмазда: Не е ни свесен што го чека!

Развод за којшто уште долго ќе се зборува

Решена е да му земе сè

Шпанските медиуми го откриле идентитетот на девојката што го растури бракот на омилениот естраден пар. Како што наведуваат, се спрема жестока борба за старателството над двата сина, што Пике и Шакира ги добиле во бракот.

Ако е вистина тоа што го пишуваат таблоидите, љубовницата на Пике има 22 години, иницијалите ѝ се Ц. Ц. и е родена Каталонка.

Шпанските новинари наведуваат дека Пике ја запознал фаталната студентка во ноќен клуб во Барселона, каде што таа работела како келнерка. Тие пишуваат и дека Пике повеќе не ја крие оваа врска и дека веќе ја запознал со сите свои пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)

Според првите озборувања, Шакира го фатила својот невенчан маж во кревет со љубовницата, а тоа не е толку далеку од вистината. Имено, постојат цврсти докази дека пејачката неодамна изнајмила приватен детектив кој ги потврдил нејзините сомнежи за неверството на Пике.

Шакира спрема брутална одмазда

Понатаму, во таблоидите се наведува дека Шакира нема намера да му го прости неверството на Пике, па така таа до последен здив ќе се бори за целосно старателство над нивните синови, а ќе бара и огромна парична оштета.

Се шушка дека пејачката веќе пронашла тим од најдобрите адвокати и сигурна е дека ќе го доведе Пике до питачки стап.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.