Меган Маркл докажала дека е кралица на стилот: Искомбинирала облека што воопшто не е летна и постигнала совршен изглед!

Совршено!

Иако нејзиното име се поврзува со бројни контроверзии, војвотката од Сасекс има одличен стил

Овој стајлинг на Меган Маркл може да ви биде одлична опција за бројни пригоди. Феноменално ги вклопува доминантните трендови со безвремената класика, а тоа ретко кому му успева.

Таа неодамна се појавила во Амстердам, каде што ги посетила просториите на непрофитната организација „Проект бестрашност“, чија цел е создавање поповолни услови за растење на девојчињата, во стајлинг што е необичен за овој период од годината, бидејќи одбрала кожени панталони!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FAN ACCOUNT (@mxghanmarkle)

Меѓутоа, таа се одлучила за потенок и многу практичен „скини“ модел, а го комбинирала маестрално.

Маркл го демантирала тврдењето дека беж е здодевна нијанса со струкираното подолго сако, што го красат лажни џебови и кое има ефектни потполнки, поради што создава илузија на фигура на песочен часовник, дури и ако ја немате.

Целата комбинација ја надополнила со едноставни салонки во црна боја, додека темната коса ја пуштила да паѓа во многу благи бранови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.