Роналдо купи нова моќна вила: Базен, домашно кино, поглед на море и 4 спални соби само за Георгина (ФОТО)
Ѕирнете во луксузната недвижнина на популарниот фубалер
Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо (34) инвестира во уште една луксузна недвижнина. Тој купи нова вила и со тоа во својот список на скапоцени недвижнини ја запиша и оваа во Шпанија, поточно во Марбеља.
Според написот во „Д сан“, вилата поседува голф-терен, фитнес-сала, прекрасен поглед на море, базен, како и кино-сала, а прв сосед на популарниот Роналдо му е ММА-борачот Конор Мекгрегор (31).
Бајковитиот поглед од вилата се вбројува во еден од најубавите досега, а во куќата има и четири спални соби. На овој начин, Роналдо ја прошири својата сопственичка империја вредна 30 милиони евра.
Фотографиите од вилата можете да ги погледнете на следната страница…