Популарната пејачка секој ден го има овој поглед од домот (ФОТО)

Земја на соништата

Алиша Кис и Касим Дин, попознат како Свиз Битз, ги отворија вратите од својот дом во сончевата Ла Џола, Калифорнија, на американскиот брег на Тихиот Океан.

Имотот наречен Razor House по шеталиштето „Рејзор поинт“ во близина, има модернистички ентериер, а откако популарната пејачка и музичкиот продуцент се преселиле во вилата, ја преименувале во „Земја на соништата“, надградувајќи ја со уметнички дела и студио за снимање.

ФОТО: Славната пејачка го покажа својот нов луксузен дом- да се биде тука е најлудиот сон

Ова е место за создавање соништа и дава доволно храброст да го следиш својот најлуд сон, па дури и да се биде тука е најлудиот сон“, вели Алиша во видео.

Вилата има речиси 11.000 квадратни метри. Дин, како што вели, „се вљубил“ во зданието многу пред да го купи.

Секој ѕид во оваа куќа, секој нејзин дел е скулптура. Оние прекрасни S-облици, закривените линии во вселената над вашата глава… Тоа е повеќе како скулптура отколку архитектура“, додаде тој.

Креаторот на оваа резиденција е прославениот архитект Волас Е. Канингем.

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.