Емина Јаховиќ се исели од куќата во која живееше со Мустафа Сандал
Еве каде живее сега
Пејачката Емина Јаховиќ кон крајот на март најави дека ќе се исели од куќата што по разводот и’ ја остави Мустафа Сандал, а чија вредност изнесува 700.000 евра. Емина одлучи да не ја продаде, туку да ја изнајмува, а на Инстаграм објави каде живее сега.
Само да ви јавам дека се селам во мојот нов дом. Се’ уште сум во преодна фаза, но првиот чекор е направен“, напиша Емина, потенцирајќи дека нејзината нова куќа има прекрасен поглед на морето.
Новиот дом на поп-пејачката се наоѓа на „евроспката“ страна на Инстанбул, а по разводот, и Мустафа жиее во овој дел, па се шпекулираше дека Емина се преселила за да биде поблиску до него.
Точно е дека ќе живеам во делот на градот каде што живее и Мустафа, но не поради мојата желба да бидам блиску до него туку поради фактот што во тој реон се движиме. Мустафа можам да го видам кога и да посакам, тоа не е проблем“, објасни пејачката.
Емина откри зошто одлучила да се исели од прекрасната вила со синовите Јаман и Јавуз.
Претходната куќа е преубава, но преголема за мене. Таму живеевме со уште три жени, сега ќе имам само една. Новата куќа е покомпактна, поскладна, иако не е многу помала од старата“, заклучи Јаховиќ.
Извор: „Свет“
Фото: Инстаграм