Бајковито?! Како да не! Овој детаљ од дневната соба на Ана и Бастијан ги згрози сите (ФОТО)

Каква „домаќинка“ е поранешната тенисерка?

Почесто од вообичаено, домот на Ана Ивановиќ е тема на многу портали и само затоа што поранешната тенисерка не го крие своето семејно катче од очите на јавноста.

Напротив, откако се пресели во австрискиот град Вестендорф, слободно комуницира со следбениците на Инстаграм, па често на нејзиниот профил може да се видат кадри од бањата или спалната соба.

И дневната соба на поранешната спортистка неколку пати беше во фокусот на медиумите, која е уредена во минималистички стил, а од друга страна, многу луксузно и модерно.

Неодамна, пак, првпат во медиумите стигна малку поинаква слика од вилата на поранешната тенисерка. Имено, домот на Ана Ивановиќ послужил како локација за снимање, но и локација за подготовка на фризурата и шминката, што за миг предизвикало целосен хаос.

Се’ било расфрлано околу, шминката на едно место, перници и ќебиња на друго, производи за коса на трето… Нередот е сосема нормална појава во вакви ситуации, а Ана не го ни забележала кога одлучила сама да направи две фотографии и да ги сподели со своите следбеници.

Нејзината цел била да се претстави пред обожавателите без и со минимална шминка, а изгледа дека започнала многу поголема полемика поврзана со хигиената во домот. На сите им е познато дека Ана сигурно не е сама задолжена за чистотата и уредноста на своето катче, дека има помошнички кои тоа го прават наместо неа, но сепак добар дел од следбениците си дадоа за право да коментираат.

И покрај многуте негативни реченици упатени до поранешната тенисерка, имаше и многу позитивни од оние кои всушност имаа разбирање за состојбата на мајката на три момчиња, пожртвувана сопруга и успешна деловна жена.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.