Брачен пар изградил куќичка од кал: Сите им завидуваат поради нивниот мал рај (ФОТО, ВИДЕО)

Неверојатно!

Куќата има совршена клима за живот на луѓе и растенија, а притоа самата се грее и се лади

Оваа мала куќичка во Австралија е нешто посебно! Земскиот брод (како што ја викаат куќичката) е самоодржлива зграда, која користи комбинација на модерна технологија, супер паметна техника што користи сончева светлина и многу рециклирани материјали од кои е изградена.

Оваа навистина импресивна куќичка од 17 квадрати ја изградиле Мартин и Зои, како пример за сите оние што сакаат да градат користејќи природни материјали.

Оваа куќичка користи соларна енергија, собира дождовница, ја филтрира и ја користи за секојдневна употреба. Куќата има подземни цевки преку кои се спроведува природно ладење.

Погледнете го видеото за да видите како се одвивал целиот процес на изградба на оваа куќичка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.