Пробајте го вкусот на пролетта со вториот број на „Добра храна“

Вечерва во продажба!

Бидете сити и вити со „Добра храна“!

Сончевите зраци конечно ги пробија тмурните облаци и нè разбудија од зимскиот сон. Напролет сè е некако полесно: стануваме поенергични, со леснотија ги извршуваме сите обврски и со задоволство ги прифаќаме промените и предизвиците. Па, така, и храната што ја приготвуваме станува полесна.

Тешките оброци ги заменуваме со салати и лесна храна, а овошјето станува задолжителен дел од нашите десерти. Пролетта ни нуди вистинско изобилство од здрави и вкусни производи, кои ненаметливо си го наоѓаат својот влез во сечија кујна.

Палачинки на уникатен начин – рецепт на Весна Ѓурковска Каеска (@vkusniprikazni)

 

Вкусен рецепт на Катерина Шамбевска Спасеновска од „Се’ за храна“ (@katerina.shambevska)
Пробајте ги вкусните индиски лепчиња на Давор Панчевски – Dave’s Kitchen

Во април ѝ се радуваме и на богатата велигденска трпеза, за која доколку сè уште немате идеја што да приготвите, ние ви ја нудиме потребната инспирација. Воодушевете ги вашите најблиски со креативни велигденски декорации, но и со новите техники на бојосување јајца.

Супа од овесни снегулки – прочитајте го рецептот на Теа Трповска (@teatrpovska) во најновиот број!
Посни тортилја-чашки – рецепт на Теодора Георгиевска (@gotvime.so.tea)
Бранко Попоски овој пат ни зготви пикантно пилешко во сос од манго и ориз со вргањ (@cookingwithbranko)
Прекрасен десерт на професионалната готвачка Маре Јаневска
Најдете го рецептот на Ана Марија Кузмановска (@anamarija.k1) за домашна гранoла во „Добра храна“
Уште еден вкусен десерт по рецептот на Марија Кочовска од „Се’ за храна“ (@kocovska.marija)

Повторно со нас се и нашите гастро-мајстори, од чии оригинални рецепти никогаш не ни е доста.

Да уживаме заедно во готвењето и во вкусот на пролетта со вториот број на „Добра храна“!

Ваша Марија Лукаревска,

Главна и одговорна уредничка

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.