Солен куглоф со јајца

Свечена гозба

Дочекајте го најголемиот христијански празник, Велигден, на богата и разновидна трпеза во семејното опкружување.

Приготвување: 30 мин.

Печење: 35 мин.

Состојки:

2 јајца • 100 г урда • 100 мл масло • 150 мл јогурт • 250 г брашно + брашно за посипување • 1 лажиче прашок за печиво • 1 средно голем страк праз • 1 лажица исечкан магдонос • 4 варени јајца • сол • масло

Приготвување:

1 Исчистете го празот и исечете го на коцки, па пропржете го на малку масло да омекне. Додајте го магдоносот и малку сол по желба, па промешајте го и оставете го настрана да се олади.

2 Пенесто изматете ги јајцата, па додајте ги урдата, маслото, јогуртот, брашното, прашокот за печиво и малку сол. Мешајте со миксер додека добиете изедначена смеса.

3 Во приготвената смеса додајте го оладениот праз и полека промешајте со лажица.

4 Намрсете го калапот за куглоф и посипете го со брашно, па сипете во него половина од смесата. Одозгора наредете ги сварените и излупени јајца и прелејте ги со остатокот од смесата. Печете во рерна загреана на 200°С, додека порумени коричката од тестото.

5 Оставете го печениот куглоф да се олади, а потоа превртете го на чинија.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.