Салата со кикиритки за 4 лица

Готова за 30 минути

Во текот на приготвувањето на салатата внимавајте да не ги преварите компирите за да не се ронат премногу

Наш предлог за вкусна салата за денешната велигденска трпеза е салата со кикиритки, која е готова за 30 минути. Добар апетит!

Состојки: • 5 поголеми компири • 1 страк праз • 100 г печени несолени кикиритки • 100 г маринирани шампињони • 50 г пченка од конзерва • 200 мл павлака • 150 мл мајонез • пипер • сол

Приготвување:

  1. Добро измијте ги компирите, па сварете ги заедно со лушпата. Потоа исцедете го вишокот течност и оставете ги да се оладат, па излупете ги и исечете ги на коцки.
  2. Исчистете го празот и исечете го на коцки. Маринираните шампињони исто така исечете ги на коцки.
  3. Крупно сомелете ги кикиритките.
  4. Во сад помешајте ги компирите, празот и кикиритките. Додајте ги мајонезот и павлаката, попарете и посолете по желба, па полека промешајте.
  5. На крајот додајте ги маринираните шампињони и пченката.
  6. Приготвената салата чувајте ја на ладно до послужувањето.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.