Салата со пржено пилешко филе

Пилешкото и мисиркиното месо се вистински избор за оние што внимаваат на својата тежина или, едноставно, сакаат да јадат здраво месо, истовремено уживајќи во неговиот полн вкус и арома.

Состојки: 400 г пилешко филе, 80 г марула, 100 г црвена цикорија, 50 г рукола, 100 г мотовилец, 140 г кинеска зелка, 100 г слатка пченка од конзерва, 100 г варен грашок, 100 г фета-сирење, половина лимон, 2 супени лажици маслиново масло, 2 супени лажици јаболков оцет, 2 варени јајца, хималајска сол, масло за пржење, 4 парчиња потпечен леб

Приготвување: исечете ги марулата и црвената цикорија на мали ливчиња, зелката на ленти и издробете го сирењето. Исечете ги филетите на парчиња, зачинете ги со сол и пржете ги на врело масло.

Во длабока чинија измешајте ги сите состојки за салатата и зачинете со сол, маслиново масло и сок од лимон.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.