Чаша млеко = порција лосос

Една чаша млеко секое утро му обезбедува на телото доволна количина на витамин Д, а тоа е исто како да сте изеле 90 грама лосос

Еден од најзастапените пијалаци, на чија консумација сме навикнале уште од раѓање, е млекото кое изобилува со витамини и минерали корисни за нашето здравје, како и со протеини и јаглени хидрати кои дополнително ја подобруваат функцијата на целиот организам. Благодарение на тоа, млекото има големо нутритивно значење, како за возрасните, така и за децата.

Фосфорот што го содржи млекото помага за зајакнување на коските и дава енергија, витаминот Д ја одржува цврстината на коските, додека витаминот Б12 е исклучително важен за производството на црвени крвни клетки и правилната функција на нервниот систем.

Млекото го содржи и витаминот Б2, кој ја претвора храната во енергија, нијацин кој го одржува нивото на шеќер и масните наслаги, како и витамин А, кој го подобрува имунолошкиот систем.

Една чаша млеко секое утро му обезбедува на телото доволна количина на витамин Д, а тоа е исто како да сте изеле 90 грама лосос, потоа калциум, како да сте изеле помала порција брокули, доволно калиум што можете да го најдете во една банана и исто толку фосфор колку што содржи порција грашок.

Исто така, пиењето млеко пред спиење обезбедува подлабок, помирен и подолг сон, кој е исто така важен фактор за човечкото здравје.

… прво морам да се напијам кафе

Денот најчесто го почнуваме со напивката која со својот незаменлив мирис и вкус никого не го остава рамнодушен. Да, станува збор за првото утринско кафе! И ова не е без причина. Кафето има стимулирачки и расонувачки ефект, а поседува и многубројни лековити својства. Сепак, обидете се да не уживате во благодатите на кафето на празен стомак.

Доколку повремено ја практикувате оваа навика, не значи дека ќе му наштетите на вашиот организам. Меѓутоа, ако тоа ви станало рутина, вие ги изложувате вашите органи за варење на ризик од многу заболувања (чир на желудник, иритација на цревата…).

Ви советуваме пред кафето да изедете сендвич или барем парче интегрален леб со путер (добар избор е путерот од сусам или тиква). Доколку по будењето баш морате најпрво да испиете кафе, додајте уште малку млеко или лажичка путер.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.