Послужете салата како професионалец за само 6 минути: Полесно и поубаво не може!

Ја краси трпезата!

Вака наредената салата ќе ги воодушеви сите гости

Полека пристигнува сезоната на свечени славски трпези, па време е да научите како да ја редите салатата брзо и лесно, а притоа да изгледа како да ја аранжирал професионалец.

Исечкајте ги фефероните накосо, краставицата во должина  и засечете ја малку на неколку места за да извлечете ленти, па тенко исечкајте ги исто така накосо.

Листовите краставица наредете ги по рабовите на тркалезна чинија.

Пресечете го доматот на пола, па секоја половина на неколку тенки резанки кои ќе ги наредите врз краставиците блиску една до друга.

Потоа, помеѓу секоја резанка домат, ставете парче феферони, а врз секоја феферона, ситен шери домат.

И вашето предјадење е готово, а вие подгответе се за комплименти!

Погледнете го видеото за подетални насоки…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.